23.8 C
Skopje
понеделник, јуни 3, 2024

МНР: Избраните функционери да го почитуваат договорот од Преспа

Министерството за надворешни работи (MНР) ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби како и сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, познат како Договорот од Преспа. Ова е наведено во соопштението испратено од МНР, во кое повикуваат на внимателност од избраните државни функционери.

„Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето. Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, Отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на Стратешкото партнерство во Стратешки дијалог со САД. Задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата“, стои во соопштението на МНР.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести