11.8 C
Skopje
недела, мај 12, 2024

СЗО: Кризата во Судан може да се влоши во наредните месеци

Кризата во Судан може да се влоши во наредните месеци, бидејќи дистрибуцијата на хуманитарна помош и медицинска опрема се уште е ограничена, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Војната избувна во Судан во април 2023 година меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), уништувајќи ја инфраструктурата на земјата, предизвикувајќи глад и раселување на милиони луѓе внатре и надвор од земјата.

Илјадници цивили беа убиени во конфликтот, но проценките за точниот број на жртви се различни, додека двете страни се обвинувани за воени злосторства.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести