18.8 C
Skopje
сабота, мај 25, 2024

Еве кои се најчестите сексуални фантазии

1. Секс со повеќе партнери

За ова фантазирале 87% од жените и 95% од мажите кои учествувале во истражувањето. Оваа фантазија најчесто вклучува тројка, но и повеќе луѓе во групен секс, оргија. Некои фантазирале за мешана оргија од мажи и жени, други како една личност има секс со многу други.

2. БДСМ

Не е ни чудно ова, еротската трилогија „Педесет нијанси сиво“ стана најпопуларна фикција на сите времиња. Скоро сите учесници во истражувањето сакаат да фантазираат за секс со доминација, секс со потчинување, секс додека сте врзани и неподвижни и слично. Половина мечтаеле за дисциплина, еротска доминација. Фантазиите за присилен секс исто така биле популарни, за нив мечтаеле скоро две третини од жените и половина од мажите.

3. Сексуални авантури

Ова вклучува орална и анална игра особено меѓу оние кои ретко или скоро никогаш не ја доживеале во реалниот живот. Околу 60% од нив мечтаат за ова. Повеќе од една третина од мажите фантазираат за анален секс, а повеќе од половина од учесниците за секс на забранети јавни места како лифт, паркови, шуми, кафулиња, ресторани и слично.

Следните фантазии се помалку популарни, ни прилично распространети:

4. Забранет секс

Овие фантазии вклучуваат воајеризам, фетиши, инцест и слично. Воајеризмот, гледањето како други луѓе имаат секс, без нивно знаење, е многу честа фантазија. Дури 60% од учесниците сакаат да гледаат како други имаат секс.

5. Делење партнери

Овие фантазии вклучуваат замена на партнери, гледање на партнерот како има секс со други. Емоционални и сексуални односи со повеќе луѓе.

6. Страст и романтика

Повеќето сексуални фантазии вклучуваат луд секс, но оваа фантазија се фокусира на љубовта и чувството на сакање. Страсните и романтични фантазии се врзани за одредени луѓе, но не мора и за нивните партнери.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести