25.8 C
Skopje
понеделник, мај 20, 2024

Еве зошто е толку важно да спиете најмалку 7 часа

Луѓето кои спијат само четири часа или помалку изгледаат девет години постаро, велат лекарите.

Според најновите истражувања, недоволната количина на сон може да биде причина за појава на низа здравствени проблеми. Сите проблеми поврзани со спиењето може да влијаат врз функционирањето на вашиот мозок.

Студијата опфати повеќе од 40.000 луѓе ширум светот кои пополниле онлајн анкета и тестови поврзани со нивните ментални способности како што се образование, комуникациски вештини и помнење.

Луѓето коишто спиеле 7 до 8 часа дневно во текот на ноќта имале подобри резултати од оние коишто спиеле повеќе или помалку, покажува студијата. Половина од учесниците кажале дека во просек спијат само 6 часа.

Од студијата е заклучено дека луѓето коишто спијат 4 или помалку часа изгледаат постаро, имаат полоши комуникациски вештини и други проблеми како што се концентрација, умор и главоболка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести