23.8 C
Skopje
сабота, март 30, 2024

Во Грција е регистриран зголемен број на туристи

Во јануари годинава во Грција е регистриран зголемен број на посетители, но и на приходите од туристите за државата во споредба со истиот период лани, согласно прелиминарните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во првиот месец од 2024 година Грција ја посетиле 737.000 туристи, бројка што е за 16 проценти повисока од лани, а зголемувањето на бројот на посетители, го зголемил и бројот на приходи за 27,1 отсто и изнесуваат 278,3 милиони евра.

Од Банката на Грција соопштија дека порастот на бројот на посетители се должи и на зголемениот број туристи од земјите на ЕУ (за 24,9 отсто) и од земјите вон Унијата (за 8,3 проценти).

Минатата година беше особено успешна за грчкиот туризам, со оглед на тоа дека Грција ја посетија 32,7 милиони туристи, за 17,6 отсто повеќе споредбено со 2022 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести