7.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

Шише шампањ продадено за 2,5 милиони долари

Шише шампањ продадено за 2,5 милиони долари, соборувајќи го рекордот на аукцијата и веројатно стана најскапото шише што некогаш било продадено.

Магнум шише, hateau Avenue Foch, 2017година, содржи едно NFT кое вклучува дигитална уметност и права на интелектуална сопственост на илустрацијата „Bored Ape Mutant“ и други колекционерски илустрирани фигури што го красат шишето. Магнум е еквивалент на две шишиња со нормална големина, пишува CNN.

NFT се дигитални слики со кои се тргува на блокчејн. Пазарот за нив го достигна врвот во 2021 година со продажба од 41 милијарда долари, но нагло забави поради неодамнешниот пад на криптовалутите.

Купувачи на шампањот се браќата Џовани и Пјеро Буоно. Тие се италијански инвеститори во криптовалути кои се активни и во модната и во технолошката индустрија. И покрај нивниот крипто профил, купувањето е направено во долари, како што потврди продавачот. Продажбата првпат беше објавена во The Wall Street Journal.

Шами Шин, британскиот претприемач кој го нарачал и продавал шишето, рече дека се надева дека шампањот може да го зајакне пазарот за NFT во време кога тој и другите финансиски пазари се далеку од нивните највисоки нивоа.

„Се надевам на поголема свест – сакам луѓето да го разберат NFT сега“, рече Шин.

Џовани Буоно рече дека браќата не планираат да го отворат шишето. Нивното купување е направено приватно.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести