13.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

АНКЕТА: Џо Бајден губи од својот републикански ривал Доналд Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден губи од својот републикански ривал Доналд Трамп, кој е пред него во анкетата што денеска ја објави Њујорк Тајмс и покажува „алармантни знаци“ за некои од демократските гласачи.

Истражувањето е објавено осум месеци пред ноемвриските избори и четири дена пред Супер вторник, кога 15 сојузни држави организираат паралелни прелиминарни избори на Републиканската и Демократската партија. Речиси е сигурно дека и Џо Бајден и поранешниот шеф на државата Доналд Трамп ќе ја добијат номинацијата на нивните партии.

Доколку гласачите требаше да одлучат денеска, за Бајден би гласале 43 отсто, а за Трамп 48 отсто, покажува анкетата спроведена од Њујорк Тајмс и Колеџот на Универзитетот во Сиена на национално ниво.

Истражувањето открива „низа алармантни сигнали за претседателот во демократскиот електорат, особено меѓу жените, црните и латино гласачите“, како и меѓу работната сила, пишува Њујорк Тајмс.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести