6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Мицотакис ја зголемува минималната плата во Грција

На следната владина седница во март, ќе одлучиме и за конечното зголемување на минималната плата за 2024 година, кое ќе се воведе од 1 април, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната владина седница Мицотакис, освен што најави зголемување на минималната плата, говореше и за мерките што ги преземаа за справување со инфлацијата и покачените цени, објаснувајќи дека резултатите постепено ќе бидат видливи, бидејќи станува збор за „интервенција во начинот на кој функционира пазарот“.

-Сепак, првите пораки се охрабрувачки и очекуваме почетните цени на над 1.500 производи од почетокот на март да бидат намалени. И очигледно крајните цени ќе се одредат врз основа на овие првични цени, објасни Мицотакис.

Дополнително, посочи дека особена важност имаат и контролите на цените што ги врши Министерството за развој, истакнувајќи дека досега биле спроведени над 20.000 контроли и изречени казни во висина од 12 милиони евра.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести