6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се уште не се оградува од нивниот активист и директор од Радовиш Филев, кој беше приведен за недозволена трговија со дрога

Се уште СДС, не се оградува од нивниот активист, Александар Филев, директор на меѓуопштинскиот центар за социјални работи, кој пред 10 дена во Штип е фатен и приведен од полицијата, за недозволена трговија со дрога.

Александар Филев е учесник и поддржувач на партиските активности на СДС, а како доказ за тоа, се многуте фотографии, на кој Филев е заедно со највисоките функционери на СДС, на социјалните мрежи.

Врските на СДС со луѓе од криминалното подземје, се одамна познати на јавноста, а овој човек дури бил поставен и за директор на институција во Радовиш. 

Ова ли се кадрите на СДС, со кои Македонија ќе ја внесува во ЕУ?

Со помош на вакви кадри, СДС направи хаос во последните 7 години, каде Македонија ја направија нефункционална држава.

Народот ќе си ја врати својата државата на 8 мај, кој народ, со право во моментов мисли дека ја нема. 

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести