7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев со амбасадорот на Република Австрија Н.Е. Мартин Памер

Денеска (26.02.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Република Австрија Н.Е. Мартин Памер.
На средбата министерот Тошковски го запозна амбасадорот Памер за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат. Моменталното раководство во МВР заеднички вложува напори и се залага овие избори да бидат европски, фер и демократски.

Министерот Тошковски го поздрави разбирањето на земјите членки на ЕУ кое го имаат во однос на техничката природа на прашањето за проблемот со патните исправи, изразувајќи волја за надминување на овој проблем.

Во оваа прилика дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев се заблагодари за досегашната соработка и уште еднаш ја потврди примарната обврска на која се обврза тој во рамките на оваа техничка Влада, а тоа е организирање на фер, слободни и демократски изборен процес.

Амбасадорот Памер стави акцент на досегашната соработка, која треба да продолжи да се развива и во иднина. Австрија е голем поддржувач на нашиот европски пат. Во однос на македонските патни исправи истакна дека Австрија има разбирање за овој проблем и излегува во пресрет на македонските граѓани кои непречено го остваруваат правото на слободно движење во Австрија со старите обрасци доколку истите имаат валиден рок и регулиран престој во Австрија.

На крајот од средбата, министерот Тошковски изрази уверување дека соработката во рамки на веќе отпочнатите проекти меѓу двете земји ќе продолжи, но најави и зголемување на обемот на истата. Воедно се заблагодари за ставот на Австрија во однос на нашиот технички проблем со издавањето на патните исправи за македонските граѓани.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести