7.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Курц условно осуден за давање лажни изјави

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц денеска е осуден на условна казна од осум месеци за давање лажни изјави во парламентарна истрага за наводна корупција во неговата прва влада.

Пресудата на судот во Виена e донесена по четиримесечно судење.

Овој случај e прв во три децении да му се суди на поранешен австриски канцелар.

Во пресудата на Регионалниот суд во Виена се наведува дека Курц имал поголемо влијание врз назначувањето на надзорниот одбор на државниот холдинг „Обаг“ отколку што признал во истрагата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести