6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Сајбер криминалците украле преку 1,1, милијарда долари

Ransomware е вид на злонамерен софтвер кој го ограничува пристапот до компјутерски систем или складирани податоци и бара висок откуп за да го врати пристапот.

Во текот на изминатата година, нападите биле насочени кон институции и критична инфраструктура, вклучувајќи болници, училишта и владини агенции.

Жртвите на уцена минатата година им платиле на криминалците рекордна сума, речиси двојно повеќе отколку во 2022 година.

Chainanalysis тврди дека вистинската сума на откупнини што ги платиле жртвите е веројатно многу повисока од регистрираните 1,1 милијарда долари, за разлика од 2022 година кога нападите резултираа со исплата на 567 милиони долари.

Некои други агенции, како што е Coveware, забележаале, сепак, пад на плаќањата на уценувачите во втората половина на 2023 година.

Голем број на организации кои се цел на сајбер-криминалците повеќе не веруваат во ветувањата на хакерите дека ќе ги избришат сите украдени податоци и затоа одбиваат да им платат пари, тврди Кувер.

На почетокот на февруари оваа година, една детска болница во Чикаго беше принудена да го стави офлајн целиот систем поради сајбер напад, јавува Асошиејтед прес (АП).

Овој напад претставува голем ризик за пациентите бидејќи лекарите и медицинскиот персонал имаат ограничен пристап до нивните медицински досиеја и податоци за лекување.

Само во 2023 година во оваа болница биле лекувани 260.000 пациенти.

Аналитичарот на компанијата за сајбер безбедност Емсисофт, Брет Калоу, наведува дека во текот на 2023 година биле забележани 46 сајбер напади врз болници. Ова е значително зголемување во споредба со 2022 година кога беа забележани 25 напади.

Се проценува дека минатата година криминалците земале 1,5 милиони долари само од болниците.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести