5.8 C
Skopje
петок, април 5, 2024

Од 31 земја на НАТО, 18 ќе ја постигнат целта за воена потрошувачка од два отсто од БДП годинава

Од 31 земја на НАТО, 18 ќе ја постигнат целта за воена потрошувачка од два отсто од БДП годинава, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, неколку дена по вербалниот напад на поранешниот американски претседател Доналд Трамп врз европските земји членки кои не ги исполнуваат финансиските обврски кон НАТО.

„Тоа е уште еден рекорден број“, изјави Столтенберг за новинарите пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Тој додаде дека во 2014 година само три земји ја постигнале целта да издвојат два отсто од БДП за воени трошоци.

„Остваруваме вистински напредок, европските сојузници издвојуваат повеќе“, рече Столтенберг.

Сепак, тој додаде дека некои земји од Алијансата „имаат уште долг пат да поминат“.

САД долго време бараат од европските земји-членки да ги зголемат воените трошоци, а нa тоа минатата недела укажа Трамп, најверојатниот републикански кандидат за претседателските избори во САД во ноември. Трамп на предизборниот митинг рече дека доколку биде реизбран, повеќе нема да ги брани земјите од Алијансата чиј финансиски придонес е недоволен.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести