7.8 C
Skopje
понеделник, март 4, 2024

Трамп: Би ја охрабрил Русија да ја нападне секоја членка на НАТО што нема да ги исплати своите обврски кон Северноатлантската алијанса

Трамп изјави дека би ја „охрабрил“ Русија да ја нападне секоја членка на НАТО што нема да ги исплати своите обврски кон Северноатлантската алијанса, пишува Гардијан.

Вчерашниот коментар на поранешниот шеф на државата веднаш наиде на остри критики од Белата куќа, која изјавата на Трамп ја нарече „застрашувачка и несоодветна“.

Трамп вчера изјави дека за време на состанок на НАТО, му рекол на шеф на „голема земја“ дека под негово водство САД не би ги штителе државите „деликвенти“.

– Еден од претседателите на една голема земја стана и праша: Господине, ако не плаќаме и Русија не нападне, дали ќе не заштитите?“, рече Трамп и додаде дека му рекол на претседателот: „Не плаќате, криминалци сте? Не, не би ве заштитил, би ги охрабрил да прават што сакаат. Треба да платиш. Треба да си ги платиш сметките, објави Гардијан.

Трамп ова го изјави за време на кампањата за претседателска номинација во Конвеј, Јужна Каролина, пред внатрепартиските републикански избори во таа американска држава на 24 февруари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести