11.8 C
Skopje
четврток, февруари 29, 2024

Апелацискиот суд на Црна Гора ја укина одлуката за екстрадиција на До Квон и го врати предметот на повторно одлучување

Апелацискиот суд на Црна Гора ја прифати жалбата на бранителите на обвинетиот јужнокорејски државјанин До Квон, осомничен за измама со криптовалути, и ја поништи одлуката на Вишиот суд и предметот го врати на повторно одлучување до првостепениот суд.

Апелацискиот суд на Црна Гора соопшти дека одлуката за екстрадиција на До не може да ја донесе министерот за правда Андреј Миловиќ.

Со првостепената одлука на Вишиот суд е утврдено дека законските предуслови за екстрадиција на До за кривично гонење за повеќе кривични дела се исполнети по барање на Јужна Кореја и барање на САД. Но, Апелацискиот суд, одлучувајќи по жалбата на бранителите на обвинетиот, утврди дека на решението влијаеле значителни повреди на одредбите на кривичната постапка од Законот за кривична постапка, формулацијата на решението е неразбирлива, одлуката нема причини за одлучувачки факти, а наведените причини се нејасни, што претставува причина за негово откажување.

Партнерот на До, Хонг Чанг Џун, минатата недела беше екстрадиран во Сеул. До и Хон Џун беа уапсени на аеродромот во Подгорица на 23 март минатата година поради фалсификување патни исправи. Тогаш со себе имале лажен пасоши на Костарика, а при претресот кај До биле пронајдени и лажни патни исправи од Јужна Кореја и од Белгија.

До претходно беше баран од Интерпол под обвинение за меѓународна измама со криптовалути во вредност од 40 милијарди долари. Поради истрагата и обвинувањата дека ги измамил доверителите, негова екстрадиција бараат Јужна Кореја и САД.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести