-3.2 C
Skopje
сабота, февруари 17, 2024

Украина најави дека го враќа „украинскиот дел“ од наследството на СССР

Министерството за надворешни работи на Украина и Фондот за државна сопственост почнаа со работа на враќање на „украинскиот дел од странските средства на советското наследство“, соопшти претседателот на фондот Виталиј Ковал.

– Посебен приоритет е враќањето на уделот на Украина во странските средства од советското наследство. Станува збор за имот кој по распадот на СССР беше неправедно и незаконски одземен од Русија, напиша тој на Телеграм по средбата со министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

Ковал нагласи дека фондот е „подготвен да ги приватизира“ таквите средства и очекува тие да станат извор на внатрешни државни резерви за поддршка на Вооружените сили на Украина (АФУ).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести