8.8 C
Skopje
четврток, февруари 29, 2024

Лепа Брена за 24 часа ја распродаде Арена Загреб

Музичката ѕвезда Лепа Брена го распродаде концертот во Арена Загреб по само 24 часа.

Во оваа прилика сопругата на нејзиниот посинок, Александра Пријовиќ, веднаш се огласи, а објавата ја украси со емотикони од срца и круни во коментарот.

Убавата Брена имаше што да каже за нејзиниот успех, но и за Александрина.

-Живеам во 2023 година, ние сме луѓе со отворено срце. Не правам песна која има граници. Го очекувавме успехот на Александра. Таа и нејзиниот сопруг Филип, нејзиниот продуцент, на сето тоа работеа пет, шест години. Сакаше со сите гости што ги носи на концертите да покаже дека е личност која шири љубов, која шири позитивна енергија, изјави Брена.

-Ние ги сакаме луѓето без разлика кои се, што се, од каде се, тие луѓе се нашата публика. Тоа е суштината на секој пејач. Да шириме радост, љубов, заедништво! Ова е пораката што ја испратија во Загреб, Белград и Сараево, заклучи Брена.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести