15.8 C
Skopje
понеделник, февруари 26, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ целосно ги уништуваат општините во Македонија, според УНИЦЕФ дотациите кон општините се помали за 30% од потребното

Двоецот СДС и ДУИ со нивното неодговорно однесување и негрижа за ништо освен нивните криминални интереси, од ден во ден ја водат државата во нови долгови и несигурност, а тоа се гледа и кај општините.

Многупати досега говоревме за тоа какви општини наследивме пред две години: на чекор до банкрот, превработени, неефикасни, распадната јавни претпријатија без механизација… 

За жал, овие две години СДС и ДУИ, во обид да ги покријат нивните криминали во општините, продолжуваат да се однесуваат неодговорно, овој пат преку злоупотреба на централните институции и блокирање на развојот на општините. 

На последната седница на ЗЕЛС, беа извлечени неколку констатации, кои со години ги повторуваме, а централната власт нема никаков слух за истите. 

1. Средствата за дотации кои се даваат на општините, според сите анализи и истражувања на УНИЦЕФ, се за 30% пониски од потребните. Ова ги става општините во позиција со сопствени средства да ги покриваат дупките кои се создаваат на ова поле. 

2. Централната власт целосно ги запоставува нивните обврски кон Противпожарните бригади, каде најголемиот број општини не го исполнуваат законски утврдениот број на пожарникари, а опремата е стара и несоодветна за обезбедување на квалитетна услуга.

3. Постои несоработка на надлежните институции во напорите за ажурирање на податоците за собирање на данок на имот, каде Катастарот и Централниот регистар даваат бесплатни услуги за државните фирми, но не и на општините.

4. Комуналната полиција на општините, проект кој ревносно го буткаа додека општините беа под нивна власт, сега е целосно блокиран. 

Почитувани,

Промените доаѓаат. На 8 мај Република Македонија ќе добие нова политичка власт, која наместо душман и кошничар, ќе биде вистински партнер на општините и граѓаните. 

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува над 250 милиони евра годишно од централниот буџет за реализирање на капитални комунални инфраструктурни проекти во општините. 

Новата влада ќе изработи нови правилници и методологии за блок дотациите на општините наменети за образованието, градинките и противпожарните служби, со кои ќе се покријат сите реални трошоци и општините нема да се во состојба самите да ги покриваат загубите. 

Новата влада во континуитет ќе го зголемува финансискиот капацитет на општините, преку зголемување на процентите од ДДВ и персоналниот данок на доход кои се одвојуваат за општините. 

Новата влада ќе ги зголеми средствата кои се доделуваат на Планските региони во Македонија, кои ќе бидат наменети за реализација на регионални капитални проекти. 

Новата влада ќе воведе праведен систем на награда за успешните и фискално дисциплинираните општини, а не како досега по партиски клуч. 

Новата влада ќе работи заедно со општините за ублажување на последиците од енергетската криза и економските потреси, кои сериозно влијаат на капацитетите на општините. 

Без успешни општини, нема успешна Македонија.
Линк од ФБ објава на Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ:

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести