-3.2 C
Skopje
петок, февруари 16, 2024

Словенија ќе донира 1,5 милиони евра за деминирање во Украина

– Словенија е свесна за огромните потреби на Украина во областа на деминирањето и затоа ги поддржува сите напори за безбедно и трајно обновување на земјата, истакна Фајон.

Од украинска страна, договорот го потпиша украинскиот амбасадор во Љубљана, Андриј Таран, а украинската вицепремиерка Јулија Свириденко учествуваше преку видео-врска, заблагодарувајќи се за донацијата и ја истакна важноста на деминирањето.

Фајон посочи дека Словенија ќе продолжи да ја поддржува Украина на нејзиниот европски пат. „Како членка на Советот за безбедност, ќе вложиме напори за праведен и траен мир во Украина“, додаде таа.

Словенечкото Министерство за надворешни работи наведува дека Украина е најминирана земја во светот – речиси една третина од нејзината територија е покриена со мини и остатоци од други видови експлозивни направи. Деминирањето ќе трае неколку години. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести