10.8 C
Skopje
петок, март 1, 2024

Ковачевски – Блинкен: Северна Македонија и САД негуваат силно стратешко партнерство и активна соработка на патот на македонското евро-интегрирање

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски попладнево во Скопје се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

На средбата, Ковачевски и Блинкен уште еднаш ги истакнаа одличните односи меѓу двете земји и разговараа за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на патот кон членството во Европската унија и спроведувањето на потребните реформи.

На средбата, премиерот Ковачевски оцени дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог, кој е значајно продлабочен преку стратешкото партнерсто на Северна Македонија и САД.

Ковачевски и Блинкен изразија обострано задоволство од започнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој очекуван ќе ги продлабочи пријателските односи, подобрување на взаемните политички, економски и други форми на дијалог, образовни и културни врски на двете земји..

САД високо го ценат придонесот на  Република Северна Македонија како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан. Државниот секретар посочи дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори кои треба да го обезбедат членството во ЕУ и искажа голема почит за храбрите и државнички одлуки кои Владата ги презема за исполнување на таа цел.

Државниот секретар го поздрави успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ и нејзиниот конструктивен пристап во реализацијата на агендата и адресирањето на предизвиците со кои се соочува Организацијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести