3.8 C
Skopje
понеделник, март 4, 2024

Финска затвори уште 4 гранични премини со Русија

Премиерот на Финска, Петери Орпо најави дека на 18 ноември ќе се затворат четири од девет гранични премини со Русија, со цел да се запре бранот баратели на азил.

– Владата денеска одлучи Финска да затвори некои источни гранични премини ноќта помеѓу петок и сабота, наведе Орпо.

Околу 3.000 луѓе секојдневно ги користат југоисточните гранични премини. Орпо истакна дека разбира оти затворањето на премините ќе го отежнат секојдневниот живот на луѓето на кои им е дозволено да патуваат помеѓу Финска и Русија.

– Нашата порака е силна, сакаме оваа појава да престане за да можеме да го продолжиме граничниот сообраќај како досега, потенцира Орпо.

Финската Влада соопшти дека барателите на азил кои пристигнуваат преку Русија од сабота ќе можат да ги поднесат своите барања за азил само на два северни гранични премини.

Финска и Русија имаат 1.340 километри долга граница, а најпрометни се југоисточните фински граничните премини.

Финските погранични власти соопштија дека во текот на неделата регистрирани се десетици баратели на азил од Ирак, Јемен, Сомалија и Сирија, кои секојдневно пристигнуваа преку Русија. Од септември досега во Финска влегле вкупно 280 баратели на азил.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести