30.8 C
Skopje
четврток, јуни 6, 2024

Столтенберг: Ситуацијата на бојното поле во Украина е многу тешка

„Русија не се подготвува за мир, туку за продолжување на војната. Набљудуваме офанзивни дејствија кај Авдеевка. Тоа што ситуацијата на бојното поле е потешка од очекуваното не значи дека треба да се намали помошта, напротив. Не можеме да дозволиме рускиот претседател Владимир Путин да победи“, додаде генералниот секретар.

Ситуацијата на бојното поле во Украина е многу тешка и тоа е причината за зголемување на помошта за украинската страна, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на денешната прес-конференција во седиштето на Алијансата во Брисел.

-Во интерес на националната безбедност на сите земји од НАТО е да продолжат со помошта за Украина, како што беше одлучено на самитот на Алијансата во Вилнус претходно оваа година. Ова важи и за САД. Уверен сум дека САД ќе продолжат со поддршката, кажа генсекот на Алијансата.

„Русија не се подготвува за мир, туку за продолжување на војната. Набљудуваме офанзивни дејствија кај Авдеевка. Тоа што ситуацијата на бојното поле е потешка од очекуваното не значи дека треба да се намали помошта, напротив. Не можеме да дозволиме рускиот претседател Владимир Путин да победи“, додаде генералниот секретар.

-Украинците досега постигнаа големи победи, успеаја да ги потиснат руските сили на север, југ и исток, ослободувајќи половина од заземената територија. Ова е голема победа за Украина, руските напаѓачи претрпеа тешки порази. Русија изгуби многу, Украина е стратешки неуспех за Путин, изјави Столтенберг.

„Путин ја нападна Украина надевајќи се на помала помош од НАТО, а го доби спротивното. Тој целосно ја потцени решителноста на украинскиот народ да ја брани својата слобода, како и силата и единството во поддршката на НАТО“, посочи првиот човек на Алијансата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести