Грција в понеделник со авион на военото воздухопловство ќе испрати хуманитарна помош во Појасот Газа, соопшти шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, одговарајќи на пратеничко прашање во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи на Грција истакна дека грчката Влада е во консултација со други земји, особено со Кипар и Франција за формирање хуманитарен морски коридор директно до Газа, а разговараат и со Израел за да се обезбеди непречено минување.