15.8 C
Skopje
понеделник, февруари 26, 2024

Столтенберг: Многумина мислеа дека Киев ќе падне за неколку дена

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја истакна важноста на компаниите за оружје за одбраната на Алијансата, како и за борбата на Украина против Русија и повика на брзо зголемување на производството на оружје, јави ДПА.

– Некои инвеститори имаат погрешна идеја дека одбранбената индустрија е некако неетична. Но, нема ништо неетички во одбраната на нашата слобода. Исто така, нема ништо неетички во помагањето на украинската војска да ја одбрани својата земја, рече Столтенберг на отворањето на индустрискиот форум на НАТО во Стокхолм. – Без индустрија, нема одбрана, нема одвраќање, нема безбедност, додаде тој.

На дводневниот форум учествуваат извршни директори на претпријатија од одбранбената индустрија, високи цивилни претставници на Алијансата, воени команданти и владини претставници.

Средбата се одржува во главниот град на Шведска, која аплицираше за членство во трансатлантскиот пакт во мај минатата година, веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина.

Столтенберг ги потсети учесниците на форумот дека откако Русија ја нападна Украина, многумина мислеа дека Киев ќе падне за неколку дена. – Но, само храброста не може да ги спречи беспилотните летала, а херојството не може да пресретне проектили, истакна тој. За да се одбрани, на Украина итно и треба „големи количини висококвалитетно оружје“, потенцираше генералниот секретар на Алијансата.

Столтенберг ја поздрави „невидената“ поддршка што земјите од НАТО и ја даваат на Украина, но истакна дека тоа доаѓа на сметка на нивните воени залихи. Тој нагласи дека сега мора да се зголеми производството на оружје – и за да се задоволат потребите на Украина и за да се зајакне одвраќањето и одбранбените капацитети на НАТО.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести