31.8 C
Skopje
понеделник, јуни 10, 2024

Давидовски со најголем успех досега, ќе продолжи да испишува историја

Виктор Давидовски комплетираше уште една сезона во највисокото по ранг автомобилско
натпреварување на кружни патеки во Европа, продолжувајќи ја низата на резултати со кои се
етаблираше во елитната дивизија на туринг трките.
На гран при викендот во Барселона тој имаше осмо место во квалификациите, па првата трка ја
заврши на осмото место, додека во втората кога првите десетмина стартуваа по обратен
редослен, македонскиот возач беше удрен од ривалите во борба за третото место. И покрај тоа,
на крајот Давидовски го освои четвртото место во генералниот пласман, веднаш зад тројцата
возачи кои се бореа за шампионската титула, која на крајот му припадна на холандскиот
автомобилист, Том Коронел.

  • Четврто место во Европското ТЦР првенство! Ја завршивме сезоната во 2023 година со
    највисок пласман досега. Горд сум на мојот тим за уште една прекрасна година. Упатувам
    честитки до мојот тимски колега Том Коронел за освоената титула и до сите членови на тимот
    кои се поттикнуваа еден со друг за да се подобрат,- напиша Давидовски на социјалните мрежи.
    Давидовски ја започна својата одисеја во ТЦР Европа уште во 2018 година возејќи за „ПСС
    рејсинг тим“ со возилото на Хонда, но по четири сезони од лани се префрли во „Comtoyou
    racing“ каде што доби на располагање врвно подготвено возило од Ауди. Тоа донесе и голем скок
    во неговите резултати, па 2022 година ја заврши на 12 место на табелата, со една победа и
    вкупно 169 бода, воедно освојувајќи го и првото место во „Дајмонд“ категоријата. Оваа година
    тој континуирано освојуваше поени и високи пласмани, а за паметење ќе остане трката од
    Монца, каде што беше трет, со минимално задоцнување зад победникот. Со тоа успеа на крајот
    од сезоната да стигне до четвртото место во генералниот пласман, што е постигнување какво
    што немало досега во историјата на македонскиот автомобилизам.
  • Можеби ќе прозвучи нескромно, но како возач секогаш се атакувам на највисоките позиции, па
    имав уште повисоки стремежи. Сепак, лошата среќа на стартот од сезоната кога имав неколку
    малери по ред, како избуткувањето во Португалија додека бев на трето место, скината гума во
    Франција додека бев на второ место, како и други инциденти во кои бев оштетен, на некој начин
    ми ја ускратија можноста да се борам за титулата. Соработката со врвните инженери и
    механичари од „Comtoyou“ и Ауди ми овозможи да напредувам како возач и да бидам постојано
    меѓу водечките, но за жал поради грешки на други возачи, најмногу што можев да освојам беше
    четвртото место. Ова беше уште едно искуство од кое ќе извлечам нови поуки, а се надевам дека
    во 2024 година повторно ќе бидам во можност да се борам за победи и трофеи, па да го
    подобрам овој резултат,- изјави македонскиот возач.
    Давидовски минатата година доби и „вајлд карта“ за последните две трки од Светското ТЦР
    првенство, при што во Џеда финишираше на второто место. Годинава тој повторно ќе има
    можност да вози на светско ниво, но поради случувањата во Израел, завршниот настан од
    Саудиска Арабија е поместен за почетокот на идната сезона, на втори и трети март 2024 година,
    во Португалија на патеката „Алгарве“ во Портимао.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести