3.8 C
Skopje
вторник, декември 5, 2023

Адел откри дека била на работ на алкохолизам

Англиската пејачка Адел им открила на своите фанови дека престанала да пие алкохол откако признала дека била на работ на алкохолизам, пренесуваат британските медиуми.

Адел (35) на својот настап во Лас Вегас и призна на публиката дека престанала да пие алкохол пред околу три и пол месеци, велејќи дека тоа воопшто не е забавно.

Сепак, таа изјави дека алкохолот многу и недостасува.

-Мислам, јас бев буквално на работ на алкохолизам во поголемиот дел од моите дваесетти, но многу ми недостига. Уживајте во вашето виски. Многу сум љубоморна, му рекла пејачката на еден обожавател за време на настапот.

Додала дека се откажала од кофеинот заедно со алкохолот.

Пејачката во последните две години е во врска со Рич Пол (41), спортски агент со кого е свршена.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img