16.8 C
Skopje
вторник, април 2, 2024

Макрон со еколошки план – „екологија на француски начин“

Гардијан јавува дека по состанокот со министрите Макрон кажа дека во програмата од 50 точки,  која тој ја нарече „екологија на француски начин“, ќе бидат инвестирани дополнителни 10 милијарди евра.

-Од суштинско значење е Франција да ја намали зависноста од фосилни горива, јаглен, бензин и гас, кои повеќе не ги произведуваме, туку од кои зависиме, рече Макрон, додавајќи дека целта е до 2030 година да се намали оваа зависност од сегашните 60 на 40 проценти. 

Францускиот претседател посочи дека приоритет е целосно прекинување на користењето на јагленот за производство на електрична енергија до јануари 2027 година. 

Планот за заштита на животната средина на Макрон вклучува и забрзување на производството на електрични автомобили, нови проекти поврзани со офшор ветерни електрани, отворање на неколку фабрики за батерии на северот на земјата, како и мапа која ќе посочи каде може да се најдат природните ресурси во Франција, вклучувајќи водород и основни елементи за литиумски батерии. 

Дополнително, француската Влада ќе инвестира 700 милиони евра за развој на регионалната железничка мрежа. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести