Пејачката Рада Манојловиќ откако ја раскина долгогодишната врска со колегата Харис Берковиќ изјави дека повеќе не ја интересираат мажите. Имено, во една емисија Рада проговори за врската со Милица Павловиќ и Александра Пријовиќ.
– Поблиска сум со Милица Павловиќ отколку со Александра Пријовиќ, иако добро ми е и со двете. И реков, продолжувам со жените. Постојано ме прашуваат за мажи, а не знаат дека повеќе не ми требаат мажи и сега сакам да се префрлам на жени – изјавила Рада Манојловиќ во „Гранд специјал“, кога изненадениот водител ја прекинал и прашал: „Значи. , се префрливте на Милица Павловиќ“, а Рада појасни:
– Ми требаат пријателки, женска поддршка. Силни жени, популарни, не суетни, кои можат нешто да ми покажат, да ме туркаат во животот, да ми кажат главата горе – заклучи Рада.