32.8 C
Skopje
недела, јуни 16, 2024

Приведени три лица во велешко, запленето оружје

На 21.09.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода П.П.(51) од село Плевење, општина Чашка и Т.С.(78) од село Теово, општина Чашка, а во 16.50 часот од слобода бил лишен и Н.Ш.(28) од Велес. По преземени мерки било дојдено до сознание дека П.П. поседува огнено оружје. Во службен разговор со него, П.П. изјавил дека поседува една пушка карабин која била во домот на Н.Ш., кој доброволно ја предал на полициските службеници заедно со неколку куршуми различен калибар. Додека, пак Т.С. на полициските службеници предал една ловечка пушка калибар 16и две воздушни пушки калибар 5,5мм и калибар 4,5мм. Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести