13.8 C
Skopje
четврток, февруари 29, 2024

Унгарија: Можно е одложување на ратификацијата на влезот на Шведска во НАТО

„Не е сигурно“ дека Унгарија треба да го одобри ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО, изјави претседателот на унгарскиот Парламент за локалната телевизија HirTV доцна синоќа, сигнализирајќи за можно дополнително одложување на процесот.

Унгарскиот процес на ратификација е закочен во Парламентот од јули 2022 година, а Будимпешта изрази загриженост за членството на Шведска во НАТО поради критиките на шведските политичари за демократско назадување на Унгарија.

Турција и Унгарија се уште не ја ратификувале кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

„Не ни треба сојузник кој така размислува за нас“, изјави Ласло Ковер.

„Не е сигурно дека ќе гласаме за Шведска во НАТО“, нагласи тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести