15.8 C
Skopje
понеделник, февруари 26, 2024

Бектеши-Бешт: Има голем простор за зголемување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Франција

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска го прими, министерот за надворешна трговија, атрактивност и француска дијаспора на Франција, Оливие Бешт, кој е во посета на Северна Македонија.

На средбата, министерот Бектеши посакувајќи му срдечно добредојде на неговиот колега Бешт изрази благодарност за поддршката која француската Влада ја дава на нашата земја во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата.

Главна тема на разговор на средбата помеѓу двајцата министри беше досегашната економска соработка помеѓу двете земји како и активности со кои соработката ќе се унапреди во наредниот период.

Министерот Бектеши ги презентираше можностите за инвестирање во Република Северна Македонија и посочи дека во наредните неколку години ќе се реализираа големи капитални проекти во патната, железничката, енергетската инфраструктура, на кои би можело да аплицираат и француски компании со искуство во соодветните области и кои веќе реализирале вакви проекти.

Двајцата соговорници се согласија дека има голем простор за зголемување на соработка меѓу двете земји пред се во делот на инвестициите во енергетиката, посебно кај обновливите извори на енергија.

Се договорија во наредниот период да се организира бизнис форум помеѓу македонски и француски компании за размена на искуства кои ќе отворат можност за нови инвестиции од двете страни.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести