22.8 C
Skopje
понеделник, мај 27, 2024

Пенов: Со 22,9 милиони денари ќе се подобрува енергетската ефикасност во општина Радовиш

Со проектот „Енергетски ефикасен регион“, општината Радовиш ќе обезбеди заштеди во потрошувачката на електрична енергија, што на крајот како придобивка треба да го почувствуваат и граѓаните, затоа што заштедените средства можат да се пренасочат за подобрување на други услуги, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на денешната презентација на дигиталната компонента од Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ , финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Влада, спроведуван од страна на Центарот за развој на Југоисточен плански регион.

– Проектот финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа и од Швајцарската Влада. Вредноста на проектот е  22,9 милиони денари. Најмногу средства, или 11 милиони денари се од буџетот на Министерството за локална самоуправа, 9 милиони денари се обезбедени од Швајцарската Влада, а во проектот учествуваат и општините Радовиш, Конче и Василево со 3 милиони денари, рече Пенов говорејќи за проектот во ООУ ” Крсте Петков Мисирков” во Радовиш.

Тој рече дека во изминатиот период Владата направи максимални напори да ги заштити граѓаните преку повеќекратно субвенционирање на сметките за струја, благодарение на што граѓаните не го почувствуваа ценовен шок.

-Во таа смисла за поздравување е секоја иницијатива на општините да направат чекор понатаму со создавање услови за поголемо користење на обновливи извори на енергија за сопствените потреби. Убедени сме дека со овој проект општината ќе обезбеди заштеди во потрошувачката на електрична енергија, што на крајот како придобивка треба да го почувствуваат и граѓаните, затоа што заштедените средства можат да се пренасочат за подобрување на други услуги. Од градоначалникот и од локалната администрација понатаму зависи како ќе управува со проектот и со парите на граѓаните, додаде министерот Пенов.

Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, на годишно ниво финансира над 100 проекти за развој на регионите, на општините, на селата и на специфичните подрачја. Важно е општините да имаат добри проекти, со комплетна проектна документација и пред проекти кои што ќе бидат корисни за граѓаните.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести