13.8 C
Skopje
понеделник, мај 13, 2024

Дневен хороскоп

ОВЕН
Позитивно сте расположени и почетокот на викендот ве исполни со енергија. Денот е ветувачки. Барате предизвици. Особено во деловната сфера тие ќе изобилуваат, а вие сте и добро подготвени. Добра идеја е да размислите за секој потег што го правите. Вашите конкуренти ви подготвија изненадувања. Бидете подготвени за тоа.

БИК
Би било добро да не штедите труд денеска во обврските, бидејќи ве очекува успех, но и многу работа. Постојат сите шанси да ги постигнете своите цели, но ќе морате неуморно да ги следите. Премногу сте наметливи на лично ниво, но тоа нема да биде примено како што се надевате.

БЛИЗНАЦИ
Потребна ви е поголема сума за да не ја пропуштите профитабилната инвестиција која ви се дава. Барајте контакти со луѓе од бизнисот, таму најверојатно ќе успеете. Добро сте расположени и што и да правите, нема да зажалите. Само здравствените проблеми можат да предизвикаат загриженост.

РАК
Останете дома и уживајте во слободниот ден, немат да имате многу такви во блиска иднина. Заборавете на проблемите во неделата и забавувајте се. Можно е вашите најблиски да се обидат да ве ангажираат и во ваш најдобар интерес е учтиво да ги одбиете.

ЛАВ
Денеска сосема е можно вашата самодоверба да доминира во односот кон другите, што нема да ви биде од никаква корист. Обидете се да бидете малку повоздржани, дури и ако ви е тешко. Ќе ја затворите празнината со повеќе топлина и посветеност. Вечерта опкружете се со луѓе во чие друштво можете да се опуштите.

ДЕВИЦА
Ќе ги искористите вашите добри позиции во професионални, социјални и деловни средини и лесно ќе ги надминете тешкотиите што се појавуваат. Вашето здравје бара доволно сон, витамини и повеќе душевен мир. Воздржете се од расправии, дури и ако ги сметате за корисни или поради вашиот афинитет кон нив.

ВАГА
Ќе го распределите вашето време за да ги исполните очекувањата на другите од вас, како и вашите лични преференции. Во врска со нова задача или поради ваши лични интереси, ќе барате дополнителни информации за тема што ве интересира и ќе го проширите вашето знаење за тоа. Предлог за патување.

ШКОРПИЈА
Загрижени сте поради развојот на проблем кој, за жал, нема да биде решен денеска. Потврдувајќи ја сопствената независност, се дистанцирате од другите, што во извесна смисла е погрешно. Ова ве лишува од љубов и поддршка, кои инаку би ви помогнале побрзо да се стабилизирате.

СТРЕЛЕЦ
Без да ве шокира динамичниот развој на настаните околу вас, ќе ги продлабочите вашите интереси во областа во која работите. Довербата што ја изградивте до овој момент ќе ги фаворизира вашите следни чекори, ќе можете без тешкотии да ги користите услугите на луѓето околу вас.

ЈАРЕЦ
Дополнителен приход за поупорните, но по цена на повеќе нерви и напнатост. Денот е погоден за измазнување на интимните и семејните односи. Не двоумете се да покажете некому дека го сакате и сте подготвени да се жртвувате заради вашата љубов кон него. Внесете повеќе овошје и зеленчук во вашето мени.

ВОДОЛИЈА
Не штедете напор за да ги израдувате вашите најблиски. Ќе најдете причина да го промените мислењето за некој што претходно не ви се допаѓал. Се двоумите на што да го насочите своето внимание на професионален план. Ви се дава избор. Изберете го оној кој е најблизок до вашите афинитети.

РИБИ
Денот ќе биде интересен за многумина од вас. Ќе се справите со искушението кое ќе ви се прикаже во форма на нешто што силно го посакувате. Во исто време, достоинствено ќе одговорите на предизвиците пред вас, без притоа да го омаловажувате присуството на оние околу вас. Во вечерните часови можно е возбудата и емоциите да ве турнат на поимпулсивни постапки, но не брзајте.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести