7.8 C
Skopje
среда, декември 6, 2023

Поради овие навики никогаш немате пари!

Купувате импулсивно

Многу луѓе кои сакаат да купуваат online многу често импулсивно купуваат работи за кои подоцна ќе сфатат дека им се потполно непотребни. Освен тоа, оваа навика е погубна за вашиот паричник. Еден од начините да го спречите ова е да ги деинсталирате сите апликации за онлајн купување од вашиот телефон.

Возите, наместо да пешачите

Наместо да одите со автомобил или со јавен превоз до најкратките дестинации, подобро испешачете. Губите многу пари, дури и ако се работи за карта од 50 денари. Ставете си ги тие пари во касичка и правете го тоа недела дена и видете колку сте заштедиле само затоа што сте престанале да бидете мрзеливи.

Не го планирате купувањето намирници

Немојте да одите во продавница секој ден. Одете во големи маркети, каде што можете да купите големи количини на намирници по акциски цени. Испланираното пазарување ќе ви заштеди значителна сума на пари.

Јадете надвор

Убаво е еднаш или два пати месечно да излезете надвор на вечера, но јадењето цело време надвор или нарачувањето на храна секој ден не е ништо друго туку губење пари и уништување на здравјето. Ако сакате да јадете нешто фино, згответе си дома некој убав рецепт. На тој начин ќе заштедите доста пари, бидејќи јадењето надвор е сè само не ефтино.

Не купувате на попусти

Ако импулсивно купувате работи и не гледате дали се намалени или не, ги губите вашите тешко заработени пари. Наместо тоа, направете листа на се што сакате да купите и купете го тоа кога ќе биде на попуст.

Пушите

Освен што предизвикува рак, пушењето полека, но сигурно ви го празни паричникот. Цигарите не се ефтини, а една кутија кошта 100-150 денари. Помножете го тоа со бројот колку пати неделно купувате цигари и ќе видите колкава количина на пари трошите неделно на пушење.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img