3.8 C
Skopje
петок, декември 8, 2023

216 санкции за сообраќајни прекршоци изминатиот викенд на територија на Куманово, 152 за брзо возење

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 216 возачи, од  кои 152 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 43 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 16 за управување возило без возачка дозвола и  5 за нерегистрирано возило. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img