Во вториот квартал Германија увезла 7,1 милијарди киловат часови (kWh) електрична енергија повеќе отколку што извезла, објави Дестатис.
Нето увозот речиси точно се совпадна со производството на трите нуклеарни реактори во истиот квартал минатата година и го достигна највисокото ниво откако заводот за статистика објавува извештаи за обединета Германија од 1991 година.
До затворањето на последните три нуклеарни централи, Германија беше нето извозник на електрична енергија.
Најмногу струја е увезена во првите шест месеци од Холандија и Франција,кои значително го зголемија производството на нуклеарна енергија.
Домашното производство на електрична енергија е намалено во периодот од јануари до јуни за 11,4 отсто во однос на истиот период лани, што е компензирано со значително зголемен увоз, за 30,8 отсто. Поради високите цени и ослабената економија, количината на достапна електрична енергија во мрежата се намали за 6,9 отсто.