3.8 C
Skopje
понеделник, март 4, 2024

Приведен криумчар, пронајдени 8 мигранти од Сирија

Денеска (10.09.2023) во 08.00 часот на крстосница кај  с.Богородица, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица” забележано е патничко возило “форд мондео” со скопски регистарски ознаки, кое превезувало поголем број на патници.

Возилото е сопрено на регионален пат 103, во близина на наплатна станица Смоквица, при што било констатирано дека го управувал П.Р.(40) од Скопје, а 8 лица илегални мигранти од Сирија се пронајдени во непосредна близина, за кои постои основано сомневање дека се растоварени од возилото непосредно пред да биде запрено.

Возачот е приведен и во координација со Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, а мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести