3.8 C
Skopje
петок, декември 8, 2023

Eве која била прва љубов на Здравко Чолиќ

Пејачот Здравко Чолиќ долги години ужива во бракот со Александра, со која има две ќерки Уна и Лара, но речиси никој не знае дека една актерка му била голема љубов.

Првата љубов му била Јасна Орнели Бери, позната актерка. На почетокот на седумдесетите во Сараево, каде што живееле и двајцата, имало средба помеѓу Чола и неа и веднаш се разгорела љубовта. Како што тогаш се зборувало, нивната љубов била искрена и голема, а за тој период сведочела и Јасна, но само 47 години подоцна.

„Се запознавме многу млади, одамна. Отидовме во Скендерија, во Домот на млади, каде што собираа таленти, а таму не беа само музичари туку и актери, сликари. Се дружевме и таму за прв пат се заљубив. Имаме први љубови и тој секогаш ќе има дел во моето срце кое е резервирано само за него. Особено затоа што имав прекрасно искуство кое ќе го паметам до крајот на животот“, истакна оваа убава актерка за босанските медиуми.

„Беше многу емотивна средба. Здравко Чолиќ е личност која шири позитивна енергија. Тој има нешто. Сега, после толку години, успеа да го задржи. Тој е добар човек. Ја сакав таа искра, во око кое не престанува да зрачи“, рече Јасна и продолжи:

„Сепак е љубов кон која не можеш да имаш милост и да се држиш за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј. Како прво, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноч ми те дугује “, заклучи таа.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img