27.8 C
Skopje
среда, јуни 12, 2024

Приведен криумчар, пронајдени 28 мигранти од Сирија

На 08.09.2023 во 19.00 часот на автопатот А1, на наплатна рампа „Демир Капија“ во правец Гевгелија-Скопје, од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за Гранични работи Југ е лишен од слобода Р.К.(32) од Струмица. Во товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија кои ги превезувал. За настанот е известен Јавен обвинител, а лицата мигранти се сместени во Центар за странци Гази Баба Скопје и ПТЦ Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка. Р.К. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ казниво по чл. 418 б од Кривичниот законик.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести