27.8 C
Skopje
среда, јуни 12, 2024

Приведени двајца крадци од Скопје

На 07.09.2023 околу 09.00 часот во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје се лишени од слобода С.А.(44) и А.М.(55), двајцата од Скопје. Имено, по преземени мерки и активности е констатирано дека на 07.06.2023 на автобуска постојка во близина на угостителски објект на подрачје на Гази Баба, пријавените одзеле предмет од Н.Т.. При извршениот службен разговор тие го појасниле начинот на извршување на кривичното дело, а одземениот предмет е пронајден кај нив и ќе биде вратен на сопственикот.

Поради основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело „кражба“ казниво по чл.235 и кривично дело „прикривање“ казниво по чл.261 од Кривичниот законик,  по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести