30.8 C
Skopje
вторник, јуни 4, 2024

Ковачевски – Гир: Следниот чекор кон европската цел е важен за квалитетот на живот на македонските граѓани и за стабилноста во Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, имаше средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

На состанокот е реафирмирана силната поддршка од европските партнери за евроинтеграцискиот напредок на Република Северна Македонија.

Следниот политички чекор по европскиот пат, како што е констатирано, е директно поврзан со подобрувањето на квалитетот на живот на македонските граѓани.

Исто така, исчекорот се очекува во европската заедница, како прашање од важност за стабилноста на европскиот континент.

На средбата е заеднички оценето дека сите политички субјекти во земјава и сите институции е неопходно да се фокусираат на одлуки што ја доближуваат Северна Македонија кон европската цел.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести