3.8 C
Skopje
понеделник, март 4, 2024

Средба на претседателот Пендаровски со учесници на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими учесници на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023, што се одржува во организација на кабинетот на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов, Институтот за културна дипломатија од Берлин, Градот Скопје и Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“.

На средбата, на која присуствуваа поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, поранешниот претседавач со претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, како и поранешните премиери на Молдавија, Наталија Гаврилита и на Либан, Хасан Диаб, претседателот Пендаровски беше запознаен со целите на форумот, насочени кон подобрување на меѓународните односи, со промовирање на демократијата, единството и мирот преку културна дипломатија во новата ера на конфликти и насилство.

Претседателот Пендаровски, поздравувајќи го одржувањето на форумот, ја истакна важноста на културната дипломатија во унапредувањето на севкупните односи меѓу нациите, како и за подобрување на меѓународната видливост на државите.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во поширокиот регион, војната во Украина, како и за текот на ЕУ интегративниот процес на Северна Македонија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести