11.8 C
Skopje
четврток, февруари 29, 2024

Амиџиќ: Мина е бремена, едвај чекаме да дојде нашето бебе

Водителoт Огњен Амиџиќ и неговата девојка Мина Наумовиќ чекаат бебе. Приновата ќе пристигне следната година, а двајцата се пресреќни поради веста.

Пред неколку дена водителот одговараше на прашања на фановите на Инстаграм, а еден од нив праша дали би сакал да добие ќерка.

– Искрено, навистина, навистина би го сакал тоа, мислам дека тоа е нешто што навистина ми недостасува. Тоа ќе ме направи целосно среќен, ќе ми донесе нова димензија во се – изјави тогаш Огњен.

Огњен по пишувањата во медиумите дека Мина е бремена, се огласи и ја потврди веста.

-Точно е дека јас и Мина ќе станеме родители! Не планиравме таа вест сега да стигне до јавноста, но кога веќе тоа се случи нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од било кога и дека не можеме да дочекаме да дојде нашето бебе! Ќе има можност во наредниот период да разговараме за се, ви благодариме на разбирањето, изјавил познатиот водител.

Амиџиќ и неговата девојка веста ја дознале пред еден месец, а оваа информација ја споделиле само со најблиските.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести