13.8 C
Skopje
четврток, февруари 29, 2024

Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово

Денеска (04.09.2023) околу 08.00 часот во Богданци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Д.Ј.(26) од Богданци. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата. Лицето било осудено на четири години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години и еден месец од казната.  Д.Ј. бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести