Викендов формула повторно се враќа на европско тло, овој пат на Ред Бул Ринг во Салзбург.
Освен што викендов ќе може да уживате во новата возбудлива трка во формула не треба да се пропушти и најголемета мото трка овој викенд а тоа е Порше Супер Купот во кој се натпреваруваа единствениот од Македонија и Балканот Ристо Вуков Рико. Кои во конкуренција на 28 возачи ќе се бори за својот прв подиум оваа сезона.
Вуков: Сакам место на подиумот во Салзбург После паузата од трката во Монте Карло се чуствуваам подготвен за новиот предизвик а тоа е трката на Ред Бул Ринг, каде што имав одличен тренинг со супер резултати кои ми даваат надеж дека е моментот за мојот прв подиум оваа сезона.
Конкуренцијата е преголема не делат само нијанси од првиот до последниот треба да го дадам максимумот од себе за да стигнам до посакуваните места на подиумот.
Сабота(Квалификации) -15:00. -Недела(Трка)-11:40. на Спорт Клуб