Во саботата на 3-ти јуни започна новото телевизиски шоу на Канал 5 телевизија, “Галама шоу” во продукција на Бекстејџ медиа, онакво какво што одамна недостасуваше бар кога се нашите телевизии во прашање.
Пејачот и шоумен по десет години се врати на екраните со „Галама шоу“.
И како што Жаре вети пред почетокот: „Ќе креваме галама со највлијателните личности од светот на музиката, филмот, спортот, па и политиката. Македонската, балканската и светската естрада ја носиме во вашите домови.Ќе вмешаме прсти во животите на познатите пред и зад камерите, но и нескромно ќе кажеме дека ќе ги поместиме границите на естрадата во Македонија, затоа што не следиме трендови, туку ги креираме. Подготвени сме да ја вратиме вашата доверба и да ви обезбедиме вистинска забава, онаква каква што одамна недостасуваше” така и со случи во првата епозода во која гости беа Панки од дуото Куку Леле, фолк ѕвездата Елена Велевска, младата и талентирана Кристина Димитри и најпознатиот македонски кларинетист и саксофонист и крал на ромската музика, Ферус Мустафов, кој не напушти на 72-годишна возраст и ова му беше последно телевизииско гостување.
Насмеан, расположен, се присети на некои анегдоти, и подсети на тоа дека токму тој го земал најголемиот бакшиш во Македонија.
Ве потсетуваме зошто беше најдобар во она кое што го правеше