22.8 C
Skopje
вторник, јуни 18, 2024

Општина Гостивар го одбележа Светскиот ден на велосипедот

По повод Светскиот ден на велосипедот, општина Гостивар во соработка со Сојузот на училушни спортови – Гостивар и компанијата Вардар Доломит организираа велосипедска тура со средношколци. 

Турата започна во 10:00 часот од општина Гостивар, преку ул. Кеј Вардар – ул. Беличица – бул. Гоце Делчев, за да заврши пред општина Гостивар.

Пред почетокот на турнирот присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, кој повика на што помасовно користење на велосипедите за заштита на животната средина и избегнување гужви во градот.

На крајот, на средношколците кои учествуваа на натпреварот им беа доделени 21 велосипед, кои ги обезбеди компанијата Вардар Доломи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести