Сексот се состои од момент, ситуација и енергија. Сè друго може да биде чиста импровизација.
Водење љубов, секс, сексуален однос се поими кои немаат иста конотација во вербална смисла. Сепак, едно е сигурно – нема добар или лош љубовник, постои само добар и / или лош партнер.
Ставот кон сексот е индивидуален, а либидото не е исто за секоја личност. Квалитетот на врската ќе зависи и од големината на целиот орган, „техниката“, желбата и од тоа како се чувствуваме кон партнерот.

Сепак, има и пози кои некои ги претпочитаат, а некои не. Сите не сакаме исти работи, но исто така не сакаме исти работи што ги сакаме подеднакво во различни околности. Понекогаш е дури и важно колку некој или нешто нè инспирира.
Сепак, според најновото истражување, постои поза која е најпопуларна кај повеќето парови.
Верувале или не, тоа не е мисионерската! Истражувањата покажаа дека повеќето парови најмногу сакаат „doggy“ стил.

Второто место го зазема мисионерската, додека на последното место е поза на маса.
Како што се менуваат времињата и потребите, така се менуваат и нашите желби и афинитети. Можеби во некоја иднина, првото место на оваа листа ќе го заземе нешто на што не би се надевале.