6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија

Третиот викенд на ТЦР Европа се вози на легендарната патека Спа Франкоршамп во Белгија, каде што повторно е предвидено најдобрите пилоти од Стариот Континент да возат заедно со учесниците од ТЦР Светската серија.

Новиот формат во борбата за светската титула предвидува ТЦР Светската серија да се вози заедно со повеќе различни ТЦР првенства, а на крајот од годината да се направи посебен настан на кој што право на учество ќе добијат 60 најдобри возачи, кои ќе се борат за светската круна.

Меѓу нив со свои шанси е и македонскиот возач Виктор Давидовски, кој на денешните квалификации на Спа Франкоршамп го освои петтото место во конкуренција на возачите на ТЦР Европа, додека меѓу сите 23 уесници е рангиран на 13 место.

Првата трка се вози в сабота со почеток во 15.30, а втората ќе биде в недела со почеток од 12.40 часот, а ќе се емитуваат на „Телевизија 24“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести