15.8 C
Skopje
среда, мај 22, 2024

СТРАШНО: На секои две минути исчезнува по едно дете во Европа

Невладината организација „Исчезнати деца во Европа“ (Missing Children Europe) по повод 25 мај Меѓународен ден на исчезнатите деца соопшти дека во Европа годишно исчезнуваат 250.000 деца, што е еквивалент дека на секои две минути исчезнува по едно дете.

Мрежата на европски бесплатен телефон 116 000 за помош за исчезнати деца минатата година примила вкупно 70.855 повици поврзани со 6.668 случаи. Мрежата им се обезбедува на децата и семејствата бесплатна и непосредна емоционална, психолошка, социјална, правна и административна поддршка 24 часа секој ден.

Според статистиката за 2022 година, 337 деца го напуштиле семејниот дом, од кои 283 деца биле над 14 години. Од институции избегале 1.198 деца, а најголем број се момчињата на возраст над 14 години.

Дури две третини од децата кои побегнале во рок од една недела се враќаат, но доколку не се промени ситуацијата поради која тие побегнале, шансите за повторно бегство се поголеми. Истовремено, децата кои бегаат од своите семејства или институции се изложени на зголемен ризик од трговија со луѓе и сексуална експлоатација и злоупотреба.

„Исчезнати деца во Европа“ апелира на имплементација на постоечките најдобри практики и технички можности, што подразбира воведување на систем за предупредување на пошироката јавност во случај на исчезнување на дете, како американската „АМБЕР тревога“ (AMBER America’s Missing: Broadcast Emergency Response).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести